ХАЏИ-РИСТОВА, Љупка

ХАЏИ-РИСТОВА, Љупка (Велес, 21. Ⅶ 1931) – редовен професор на шумарскиот факултет во Скопје, специјалист за областа и предметот шумарска ентомологија. Дипломирала на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје (1956). До 1960 г. работи во Секретаријатот за земјоделство и шумарство при Извршниот совет на СРМ. Истата година е избрана за асистент на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Магистрирала на шумарскиот факултет во Белград (1965). Докторирала на матичниот факултет во Скопје (1971), каде станала доцент (од 1972), а потоа редовен професор (од 1982). Ја вршела должноста проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (1982–1984). Истакнат професор и плоден научник со објавени бројни трудови во домашни и во странски списанија. Автор е на учебникот „шумарска ентомологија“, И и Ⅱ дел (1995). Ст. Н.