ХАЏИ ПАНЗОВ, Ганчо

ХАЏИ ПАНЗОВ, Ганчо (Велес, 12. Ⅷ 1900 – Каса дел Кампо, Шпанија, 19. Ⅺ 1936) – поет, новинар, револуционер. Поради учество во македонското револуционерно движење бил исклучен од Велешката гимназија (1922), школувањето го продолжил во Скопје, каде што е еден од покренувачите на партискиот весник „Искра“. Емигрирал во Париз (1924–1936) каде што се вели дека пишувал поезија на француски јазик и бил соработник на „Македонско дело“ и „Балканска федерација“. ЛИТ.: Перо Коробар, Ганчо Хаџипанзов, Ск., 1986; Васил Тоциновски, Гемиџиските пораки, Вел., 2004. В. Тоц.