ХАЏИ НИКОЛОВ, Иван

ХАЏИ НИКОЛОВ, Иван ( Кукуш, 24. ⅩⅠⅠ 1861 – Софија, 9. Ⅶ 1934) – македонски револуционер, учител и книжар. Завршил Трговска академија во Линц, Австрија. Бил учител во Костенец, Кукуш, Воден и во Солун. Соработник на Младата македонска книжовна дружина во Софија и на списанието „Лоза“ (1892). Отворил сопствена книжарница во Солун (1893). Бил еден од иницијаторите и основополжниците на МРО (1893), член на ЦК на МРО (1894–1901). Во времето на Солунската афера (1901) ги предал печатот и шифрите на Организацијата на Иван Гарванов. Согледувајќи ја грешката, се обидел да се самоубие. Бил осуден и испратен на заточение во Подрум Кале (Мала Азија), набргу (1902) бил амнестиран. Учествувал на советувањето на ТМОРО во Софија (јануари 1903). По Востанието (1903) се преселил во Софија, каде што се занимавал со издаваштво и со трговија. Оставил драгоцени спомени. Животот го завршил со самоубиство. ИЗВ.: Спомени на И. Х. Николов, Д. Груев, Б. Сарафов, Ј. Сандански, М. Геџиков, д-р Х. Татарчев. Стручна редакција д-р Иван Катарџиев, Скопје, 1995. ЛИТ.:. „Ил. ИлинденÏ“, 1933–1934, бр. 8; 1934– 1935, бр. 7–8, 9–10; 1936, бр. 1; бр. 3. В. Ѓ. Ганчо Хаџи Панзов