ХАЏИ, Душан Јованов

ХАЏИ, Душан Јованов (Љубљана, 26. Ⅷ 1921) – почесен професор (1998) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (1998) и член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав (2006). Во Љубљана дипломирал хемија со физика (1944). Доцент по физичка органска хемија на Одделот за хемија на Универзитетот во Љубљана (1953), реДушан Хаџи довен професор по Структурна хемија (1962). Со негова помош во Скопје е набавен првиот инфрацрвен спектрофотометар, со што во Македонија е започната успешната активност на полето на молекулската спектроскопија. Акад. Хаџи е еден од најпознатите светски истражувачи на проблемите во врска со водородното сврзување, а извонредни придонеси има и во квантната фармакологија и истражувањата на биолошки важни системи. Пионер е (во Југославија) на примената на компјутерите во хемијата. Член на Словенечката академија на науките и уметностите (1967), надворешен член на Српската академија на науките и уметностите (1975), на Југословенската академија на науките и уметностите во Загреб (1977) и на Индиската национална академија на науките (1979). Почесен доктор на науките е на Универзитетот во Упсала (1982). Бил научен советник на фабриката „Лек“ (1981). Автор е на четири монографии, шест поглавја во монографии, како и на над 280 научни трудови. Бил прогласен за почесен претседател на Словенечкото хемиско друштво, а добил и многу високи награди и признанија. ЛИТ.: Билтен – Петнаесетто изборно собрание. Предлози на кандидати за избор на членови на МАНУ надвор од работниот состав, Скопје, 2006, 181. Б. ш. Светомир Хаџи Јорданов ХАЏИ ЈОРДАНОВ, Светомир