ХАЏИ БОШКОВ, Петар

ХАЏИ БОШКОВ, Петар (Скопје, 1. Ⅵ 1928) – скулптор, графичар, Петар Хаџи Бошков професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, еден од доминантните уметници на македонската ликовна сцена, особено значаен во промовирањето на апстрактните размислувања во скулптурата при крајот на 50-тите години. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана (1953). Специјализирал на Кралскиот колеџ за ликовни уметности и на Слејдовата школа (Сладе Сцхоол) за ликовна уметност во Лондон (1959–1960). Имал ретроспективна изложба во Скопје (МСУ, 1989). Како учесник на стотина меѓуна-П. Хаџи Бошков: дел од инсталацијата „Улица“ (2004) родни изложби (Биеналето во Венеција, 1978) ја вклучува македонската скулптура во модерен европски контекст. Започнал со изработка на серија портрети со блага деформација и стилизација (Циганка, 1954). Следните неколку години се посветил повеќе на графиката, на која работи напоредно, со варијации од фигурација до апстракција, блиски на скулпторските идеи. Во 1959 г. ги отвора фигуративните облици, давајќи им асоцијативни особености (Композиција, 1959). Подоцна ја испрекршува органоидната форма и ја сведува на апстрактни визии со груба фактура и ја навестува енформелската практика. При конструирањето на торза, фигури или глави користел и индустриски отпадоци (Скулптура Ⅲ и Ⅳ, 1964). Од 1968 г. ја геометризира формата, со акцент врз ритмичките вибрации на вертикалата (Вертикално крешчендо, 1968). Дел од овие искуства ги применил во монументалните дела (Скулптура, 1976, Межице, Словенија) и во циклусот Рефлексии (1988). ЛИТ.: Борис Петковски, Петар Хаџи Бошков – скулптура и графика, Скопје, 1971: Соња Абаџиева Димитрова, Петар Хаџи Бошков, Скопје, 1989. М. Б.-П. Р. Анастасов: портрет на Димо Хаџи Димов