ХАЈРОНЕЈА

ХАЈРОНЕЈА (Хаиронеиа) – антички град на северната граница на Бојотија (Хелада) каде што македонската војска предводена од Филип Ⅱ извојувала победа над здружените сили на хеленските полиси предводени од Атина и Теба (август 338 пр. н.е.), со што тие биле принудени да ја признаат врховната власт на Македонското Кралство. Тука се одиграла и битката помеѓу војските на римскиот војсководец Сула и понтскиот крал Митридад Ⅵ (86 пр. н.е.), а Хајронеја е позната и како родно место на хеленскиот филозоф и биограф Плутарх (46-120). К. М.-Р.

Напишете коментар