ХАМЗАОГЛУ, Јусуф

ХАМЗАОГЛУ, Јусуф (Ѕусуф ХамзаоŸлу) (Врапчиште, 1945) – универзитетски професор од турската националност во РМ. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје на Групата за турски јазик и литература, а докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје (историски науки). Повеќе мандати беше директор на ОУ „Тефејуз“ во Скопје; редовен професор на Педагошкиот факултет „Климент Охридски“ во Скопје. Од областа на историјата на турската националност во Македонија ги има објавено книгите Младотурската револуција во Османската Империја, Турците од Србија, како и бројни стручни и научни трудови со историска тематика објавувани во повеќе историски списанија и во странски весници. Учесник е на меѓународни конгреси, научни собири во земјата и во Р Турција. БИБ.: Младотурската револуција во Османската Империја, Логос, 1995. Македонѕада Ататüрк ве Тüрклер, Üскüп, 2006; Балкан Тüрклери, И, Анкара, 2000, Ⅱ, Анкара, 2009. А. Аго Благоја Ханџиски