ХАЛИЛИ, Мухамед Невзат

ХАЛИЛИ, Мухамед Невзат (с. Џепчиште, Тетовско, 21. Ⅱ 1951) – еден од главните лидери на ПДП. Дипломирал на Филолошкиот факултет (на Групата за француски јазик и литература) во Скопје. Работел како професор по француски во средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Поради залагање за поголеми политички права на Албанците во СРМ, како член на СКМ бил казнет со опомена. На првите демократски парламентарни избори бил избран за пратеник (1991). Бил министер без ресор во Владата на Република Македонија(20. ⅩⅠⅠ 1994 – 23. Ⅱ 1996), а потоа амбасадор на Република Македонијаво Данска (именуван на 16. Ⅴ 1996). Учествувал во првиот круг на претседателските избори (31. Ⅹ 1999). С. Мл. Џемал Халими