ФУЛОН-ХРИСТОВА, Јорданка Николова

ФУЛОН-ХРИСТОВА, Јорданка Николова (Јорданка Фоулон-Христова) (Скопје, 14. Ⅺ 1930) – романист, професор по македонски јазик, литература и цивилизација на ИНАЛЦО во Париз. Гимназијата и Филозофскиот факултет (Група романистика) ги завршува во Скопје (1949–1953). Се вработува како гимназијален професор по француски јазик првин во Скопје (1954), а во следната учебна година во Охрид (1955/56), по кое се преселува во Париз. Во 1960 г. дипломира и на Групата по руски јазик во Националниот институт за ориентални јазици и цивилиза-Јорданка Фулон-Христова ции (ИНАЛЦО, Сорбонне Ⅲ), каде што од следната година ги води вежбите по српско-хрватски јазик (1961–1972), потоа станува асистент по српско-хрватски (1972– 1981). Бидејќи се воведува и македонскиот како предмет (1962), а потоа и Лекторат по македонски јазик (1973), Ф. првин е предавач (1862–1981), потоа доцент (1981) и најпосле професор во ИНАЛЦО (1988). Првин го одбранува докторатот од Ⅲ степен по словенски студии со темата „Етуде цомпарее дес формес темпореллес ен мацедониен ет ен сербо-цроате“ (Парис Ⅷ, 1978), а потоа и државниот докторат по лингвистика на тема „Лес формес темпореллес данс лес струцтурес нарративес ду мацéдониен“ (Парис Ⅲ, 1990). Ја води предметната настава по македонски јазик, литература и цивилизација, како и Лекторатот, до пензионирањето (1996). Членува во Научниот совет на универзитетите на Франција и во Комисијата на специјалистите. Ав-тор е на студии од македонистиката во периодичните изданија „Цахиерс балканиљуес“, „Ревуе дес етудес славес“, „Цахиерс де л’оралите“ и „Македонски јазик“, како и на три одделни публикации. БИБ.: Лес модес де нарратион ен мацедониен, Л’Асиатхељуе, Лангуес ду Монде, Парис, 1995; Граммаире пратиљуе ду мацéдониен, Лангуес & Мондес, Парис, 1998; Мацéдониен Еџпресс. Гуиде де цонверсатион. Лес премиерс мотс утилес. Ренсеигнементс пратиљуес. Цивилисатионс. Нотионс де граммаире, Едитионс ду Даупхин, Парис, 2006. Бл. Р.