ФУКАРА, Харалампие

ФУКАРА, Харалампие (Прилеп, 12. Ⅷ 1900 – Скопје, 12 Ⅴ 1966) – маш. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1964 г.) по предметите: механизација во градежништвото и греење и проветрување (на Архитектонскиот факултет). Завршил во Белград (1927) и до изборот за доцент на Техничкиот факултет (1949) работел во Југословенските железници. Предавал и на Електро-техничкиот факултет од неговото основање (1959). Љ. Т.