ФУЕРЕ, Ерван

ФУЕРЕ, Ерван (Ерњан Фоуере) (Ренс, Р Франција, 5. Ⅵ 1946) – ирски и европски дипломат. Правник (1967); прв шеф на Делегацијата на ЕЗ за Мексико и Куба (1989-1994); прв шеф на Делегацијата на ЕЗ во Јужна Африка (1994-1998); шеф на Делегацијата на ЕЗ во Р Словенија во периодот кога Р Словенија станува членка на ЕУ (2002–2005); во рамките на промовирањето на политиките и интересите на ЕУ во проблематичните региони специјален претставник на ЕУ во Република Македонијаод 17. Ⅹ 2005 г., со мандат да работи на консолидирање на мировниот (политичкиот) процес и имплементација на Рамковниот договор во функција на интеграција на Република Македонијаво ЕУ. Во неговиот мандат Република Македонијадобива статус кандидат за прием во членство во ЕУ (17. ⅩⅠⅠ 2005). ИЗВ.: Министерство за надворешни работи на РМ, Скопје, 2007. Т. Петр.