ФРЧКОСКИ, Љубомир Данаилов

ФРЧКОСКИ, Љубомир Данаилов (Скопје, 2. ⅩⅠⅠ 1957) – правник, унив. професор. Дипломира (1981) и магистрира (1986) на Правниот факултет во Скопје. Докторира (1989) на Факултетот за политички науки, социологија и новинарство во Љубљана. Професор по меѓународно право на Правниот факултет во Скопје (од 1984). Бил министер без ресор во Владата на Република Македонија(1990–1992), министер за внатрешни работи (1992–1996) и министер за надворешни работи (1996–1997). Редовен колумнист на в. „Дневник“. БИБ: Меѓународно право за правата на човекот, Скопје, 2001. ИЗВ.: Архива на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Скопје, 2007 . Т. Петр.