ФРОВИК, Роберт Холмс

ФРОВИК, Роберт Холмс (Роберт Холмс Фроњицк) (Дес Моинес, Ајова, САД 12. ⅩⅠⅠ 1929 – Санта Роза, Роберт Фровик Калифорнија, САД 18. И 2007) – американски дипломат. шеф на мониторинг мисијата на КЕБС во Република Македонија(1992); прв шеф на мисијата на ОБСЕ во БиХ (1995–1996); вршител на работите во амбасадата на САД во Тирана (1999); координатор на Стејт Департментот за Самитот на НАТО по повод педесетгодишниот јубилеј (1998–1999); личен претставник на претседавачот на ОБСЕ за Република Македонијаво времето на војната во Република Македонијаод 2001 г. и во такво својство ја подготвува Призренската декларација потпишана во Призрен (22. Ⅴ 2001) од Ахмети, Имери и Џафери, неприфатена како таква од институциите на РМ, но, суштински, во август 2001 г. наложена во форма на Рамковниот договор. Пред неговото пот-пишување во немилост ја напушта РМ. ИЗВ.: Министерство за надворешни работи на РМ, Скопје, 2007. Т. Петр. Сцена од филмот „Фросина