ФОТЕВ, Минчо

ФОТЕВ, Минчо (с. Рупишта, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 30. Ⅸ 1922 – Скопје, 28 Ⅴ 1987) – припадник на Македонското националноослободително движење, учесник во Антифашистичкиот отпор во Грција (ЕЛАС). Бил член на раководството на НОФ (од 23. Ⅳ 1945), одговорен за НОМС за Егејскиот дел на Македонија. Во 1949 г. е обвинет од КПГ и затворен во Албанија, а потоа во логор во СССР. Се враќа во НРМ во 1956 г. ЛИТ.: Егејска Македонија во НОБ, Ⅵ, 1949, Скопје, 1983; Е. Фотева-Вера, До Пеколот и назад, Скопје, 2004. Ст. Кис.