ФОТЕВ, Богоја

ФОТЕВ, Богоја (с. Герман, Егејскиот дел на Македонија, 14. Ⅷ 1900 – с. Бистрица, Битолско, 27. И 1993) – револуционер, државник, носител на Партизанска споменица 1941. Пред Војната се вклучил во Антифашистичкото движење и потоа во Народноослободителната борба на македонскиот народ. Како забележан борец, бил предложен за делегат на АСНОМ – претставник од Битолскиот и од Мариовскиот реон. На Првото заседание на АСНОМ (2. Ⅷ 1944) бил избран за член на Президиумот на АСНОМ. Потоа е назначен за повереник за финансии и секретар на Президиумот на АСНОМ. На Второто заседание на АСНОМ (28–30. ⅩⅠⅠ 1944) бил избран за повереник за земјоделство, каде што се ангажирал за успешната пролетна сеидба. На Третото заседание на АСНОМ (14–16. Ⅳ 1945) бил избран за член, а во пролетта на 1945 и за претседател на Президиумот на Народното собрание на Македонија. Во 1949 бил осуден по ИБ и затворската казна ја издржал на Голи Оток, кога бил отстранет од сите политички функции. ЛИТ.: Александар Крстевски-Кошка, Богоја Фотев, Скопје, 1998; група автори, Првата народна влада на Македонија (споменица), Скопје 1985; Зборник документи АСНОМ, И, 1–2. Избор и редакција д-р Александар Христов, д-р Миле Тодоровски, д-р Новица Велјановски, Скопје, 1984; АСНОМ – документи, И, 6, Скопје, 2001. Н. В. Методија Фотев