ФОРУМ

„ФОРУМ“ – двонеделен политички магазин што почна да излегува во Скопје на 30. ⅩⅠⅠ 1997 г. Основачи се Ѓунер Исмаил, Сашо Ордановски и Ванчо Ордановски. Форматот и динамиката на излегувањето ги задржа до 1. Ⅲ 2004 г., кога се трансформира во месечник – следејќи ги принципите на лајф-магазините. Од 17 септември 2005 г. Неделникот „Форум“ се трансформира во „Форум плус“ – неделен информативно-политички магазин што излегува секоја сабота. Доминираат актуелни теми од општествената сфера, културата и спортот. Директор беше Сашо Ордановски, а главен и одговорен уредник Слободан Петровиќ. Б. П. Ѓ. лектуалци работеше од декември 1989 г. во Скопје за создавање национална програма и стратегија за осамостојување на Македонија пред очекуваниот распад на СФРЈ, во состав: Блаже Ристовски (претседавач), Георги Старделов, Ксенте Богоев, Георги Ефремов, Цветан Грозданов, Александар Христов, Евгени Димитров, Киро Глигоров, Миле Нетков, Љубиша Георгиевски и Кирил Темков (секретар-записничар). Првиот официјален состанок се одржува во Охрид на 12. Ⅶ 1990 г., а другите еднаш неделно с¢ до 8 септември во Кабинетот на деканот на Филозофскиот факулет во Скопје. Би-дејќи започнува кампањата за парламентарните избори и се конституира Парламентот, дел од членовите на Форумот се вклучуваат во изградбата на независната држава: К. Гигоров е избран за Претседател на Републиката, К. Богоев станува претседател на МАНУ, а Б. Ристовски, Г. Ефремов и Цв. Грозданов членови на првата Влада на независна РМ. Оценувајќи ги новите историски искушенија на македонската држава по надворешната оружена агресија, во мај 2001 г. започнуваат подготовките за обновување на Форумот и дефинирање на новите цели и задачи & за укажување на патиштата, начините и средствата за одбрана на националните интереси и зачувување на загрозениот државен и територијален интегритет. Од јуни 2001 г. се одржуваат првите редовни состаноци, се објавуваат повремени соопштенија за јавноста и се одржуваат пресконференции и јавни трибини за ставовите на Форумот за актуелните прашања. Во новава фаза, уште на втора-Од конференцијата за печат на Форумот за Македонија 2001 – од десно кон лево: Анте Поповски, Блаже Ристовски, Киро Глигоров и Глигор Стојкоски ФОРУМ ЗА МАКЕДОНИЈА 2001 – втората фаза од асоцијацијата Македонски форум за подготовка на национална програма што како неформална група на интета седница (2. Ⅶ 2001), по предлог на А. Поповски, се променува името во Форум за Македонија 2001 и работи во проширен состав: Блаже Ристовски (претседавач), Киро Глигоров, Георги Старделов, Ксенте Богоев, Трифун Костовски, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Трајан Гоцевски, Татјана Петрушевска, Влада Урошевиќ, Ферид Мухиќ, Венко Андоновски, Панде Лазаревски, Љупчо Кекеновски и Глигор Стојкоски (секретар-записничар). Како поканет гостин на Форумот има излагање за Предлогот за Рамковниот договор проф. Љ. Фрчковски (11. Ⅶ 2001), а како почесни гости настапуваат и меѓународните посредници Џемс В. Пердју (29. Ⅷ 2001), како специјален претставник на САД, и амбасадорот Ален Ле Роа, како специјален претставник на ЕУ (25. Ⅵ 2002). Форумот заседанијата и јавните настапи ги одржува главно во салите на хотелот „Александар па-лас“ во Скопје. Згаснува во јуни 2004 г. по пројавени амбиции на некои членови за политичко организирање. Бл. Р. Богоја Фотев