ФОРМАНЕК, Едвард

ФОРМАНЕК, Едвард (Едуард Форманек) (1845 – 1900) – чешки ботаничар, професор на Универзитетот во Брно. Патувал и ботанизирал во многу балкански земји, вклучувајќи ја и Македонија. Објавил неколку трудови во периодот од 1890 до 1900 г., во кои се наведуваат податоци за флората на Македонија. Најголем дел од тие податоци подоцна се ревидирани од страна на Вандас (Вандас, 1909) во неговата студија „Релиљуиае Форманекианае“. Вл. М.