ФЛОРИНСКИ, Тимофеј Дмитриевич

ФЛОРИНСКИ, Тимофеј Дмитриевич (С.-Петербург, Русија, 28. Х / 9. Ⅺ 1854 – Киев, Украина, 1919) – руски историчар и славист, словенофил, унив. професор, академик, ментор на К. Мисирков. По завршувањето на Историско-филолошкиот факултет на С.-Петербуршкиот универзитет (1876), предавал на Вишите женски курсеви (1880–1881), а ја одбранил магист. дис. „Јужните Словени и Византија во втората четвртина на ⅩⅣ в.“ (1881). Од следната година станува професор и подоцна декан на Истор.филол. факултет на Киевскиот универзитет (1882–1919). Ја одбранил докт. дисерт. „Спомениците на законодавната дејност на Душан, царот на Србите и Грците“ (1888). Бил претседател на Киевскиот цензурен комитет, потпретседател на Киевското словенско друштво и редактор на „СлавянскиŸ ЕжегодникÍ“. Политички ангажиран словенофил, противник на украинската и македонската култ.-нац. и политичка афирмација, иако во некои свои трудови покажува толеранција кон јазикот, посебната народност и стремежите на „македонските Словени“, спомнувајќи ги и П. Драганов и К. Мисирков. „Најпосле, – пишува тој – некои етнографи во македонските Словени гледаат посебна самостојна разновидност во словенството што стои одделно од Србите и Бугарите… Како при определувањето на територијата што ја населуваат македонските Словени, така и при разјаснувањето на карактеристиките на нивниот јазик, како главен критериум за решавањето на прашањето за нивната народност, неопходно е научните истражувања и етнографските материјали да се користат со голема претпазливост, со внимателна нивна критичка проверка… Сестраното и објективно проучување на етнографијата на Македонија на самото место не е само пожелно, туку и неопходно. Најдобро тоа би можело да се направи со опремување на една научна експедиција од истакнати словенски филолози и етнографи во оваа за научниот свет толку загадочна земја“. По Окт. револ. животот го завршил во неизвесни околности. Ис-тражувал во Србија, Хрватска, Македонија и на Света Гора, окупиран (како и Мисирков) со историјата и културата на јужнослов. ⅩⅣ в. Затоа е претседател на Државната испитна комисија при одбраната на дипломскиот испит на К. П. Мисирков „Кон прашањето за народноста и причините за популарноста на македонскиот крал Марко“ (СПБ., 1902) и ментор на неговата магист. (незавршена) дисертација „Кралевите Волкашин и Марко како историски личности и јунаци на јужнословенскиот епос“ (Киев, 1906–1908). БИБ.: КÍ вопросу о народности македонскихÍ славянÍ, Чтения вÍ Историческое обÈество Нестора Л‹тописца, ⅩⅠⅩ, вìп. 4, кн. 19, отд. Ⅳ, 1906; Славянское племя. Политико-ÌтнографическиŸ обзорÍ современнаго славянства, „СлавянскиŸ путешественникÍ. ЖурналÍ-алманахÍ“, 1, Москва, 1908; Ïтнографическая карта западнаго славянства и западноŸ Руси, КиевÍ, 1911. ЛИТ.: М. Н. СперанскиŸ, Проф. ТимофеŸ Дмитриевич ФлоринскиŸ (1854–1919), Научние известия, сб. 2, Москва, 1922; Славяноведение в дореволÓционноŸ России. БиобиблиографическиŸ словарÏ, Москва, 1979, 342–344; Блаже Ристовски, Димитрија Чуповски (1878–1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград, Ⅱ, Скопје, 1978, 197–199; истиот, Прилог кон обидите на Крсте Мисирков за продолжување на постдипломските студии, „Прилози“, ОЛЛН-МАНУ, ЏЏВИИИ, 2, Скопје, 2003, 13–39; Гане Тодоровски, Слово за делниците, Скопје, 1995, 137–143. Бл. Р.