ФИСКАЛНА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА ВО РМ

ФИСКАЛНА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА ВО Република Македонија– процес на прераспределба на приходните извори помеѓу централната и ло-Зградата на Владата на Република Македонија во Скопје калната власт, предизвикан од правната и административната децентрализација, чија цел е обезбедување достатно финансиски средства за финансирање на новите функции (надлежности) на единиците на локалната власт (општините). Фискалната децентрализација се темели на политичката децентрализација, односно на пренесувањето на одредени функции или надлежности од централната на локалната власт. Смислата на децентрализацијата на функциите е во тоа што одлуките за задоволување на јавните услуги што повеќе да се усогласат се преференциите на потрошувачите, а исто така одлучувањето за финансирањето на јавните услуги да им се препушти „на оние власти што се најблиску до граѓаните“ (Европска повелба за локалната самоуправа). Република Македонијаима богато искуство во сферата на локалните финансии. Со Уставот на поранешната југословенска федерација од 1974 г. беше воспоставена екстремна вертикална децентрализација на релацијата федерација – републики – локални единици на власта (општини). Исто така, постоеше изразена хоризонтална децентрализација, бидејќи во јавното финансирање беа вклучени различните степени на државната власт и посебните самоуправни ентитети – самоуправните интересни заедници и фондовите. С“ до 1990 г., значајни општествени дејности и служби, вклучувајќи ги образованието, здравството и урбанизацијата, беа управувани и финансирани од страна на локалните власти. Реформите што настапија од 1990 г. доведоа до политичка и фискална централизација, што значеше значајно ограничување на функциите и финансиските ресурси на локалната власт. Подоцна, приходите и расходите на буџетите на локалните единици беа регулирани со Законот за буџетите (1993), а нивните надлежности (функции) со Законот за локална самоуправа (од 1995). Со учество од 1% на локалните буџети во вкупните буџетски средства Република Македонијавлезе во редот на највисоко централизираните држави во Европа. Централизираните финансиски односи не кореспондираа со нормите на Европската повелба за локалната самоуправа, која Република Македонијаја ратификуваше во 1997 г. Врз основа на Стратегијата за реформи на локалната самоуправа од 1999 г., која ги уважи основните определби на Европската повелба за локална самоуправа, се донесоа новиот Закон за локалната самоуправа (2002) и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа (2004). Со Законот за територијална организација од 2004 г. се устроија општините во скопското подрачје и Градот Скопје како посебна единица. Листата на надлежности (функции) на општините во Македонија е наполно усогласена со Европската повелба и опфаќа: урбанистичко планирање, заштита на животната средина, локален еколошки развој, комунални дејности, култура, спорт и рекреација, социјална заштита и грижа за хендикепираните и инвалидизираните лица, основно и средно образование, примарна здравствена заштита и други класични локални надлежности. широката листа на надлежности го актуелизира проблемот на распределбата на приходните извори со централната власт и, исто така, проблемот со дотациите за локалните буџети. Општините остваруваат приходи од следниве извори: а) сопствени приходи, б) заеднички приходи, и в) дотации од буџетот на централната власт и од буџетите на фондовите. Сопствените приходи се состојат од локални даноци (данок на имот, данок на наследство и подарок и данок на промет на недвижности и права), локални такси, локални надоместоци, приходи од сопственост и други приходи (донации, парични казни итн.). Даноците на имот, таксите и локалните надоместоци ги воведува Собранието на РМ, а тоа значи дека тие се применуваат еднообразно во сите општини. Единствено стапките на даноците на имот може да ги уредуваат општините, но до одредени лимити. Во македонскиот систем како заеднички данок (кој може да се третира и како вид дотација за општините) е предвиден само персоналниот данок на доход, при што на општините им припаѓаат: (1) 3% од овој данок врз основа на личните примања од платите на физички лица, кој е наплатен во тековната година во општината во која обврзниците се пријавени со постојано живеалиште и престојувалиште, и (2) 100% од овој данок наплатен од физички лица што се регистрирани за занаетчиска дејност на подрачјето на општината. Дотациите се користат за надополнување на основниот систем на распределба на приходните извори (даноците), поради постоењето на расчекор помеѓу постојните финансиски средства и расходните потреби (односно на т.н. вертикален фискален дебаланс) и поради разликите во фискалниот капацитет меѓу општините, поради нееднаквата економска развиеност (односно на тн. хоризонтален фискален дебаланс). Дотациите претставуваат финансиски трансфери од буџетот на централната власт и од буџетите на фондовите за буџетите на општините. Општата дотација се доделува за финансирање на сите надлежности на општините, без однапред да се утврдува намената или условите под кои може да се користи. Глобалниот износ на општата дотација се обезбедува во висина од 3% од вкупно наплатените приходи од ДДВ во претходната година, а распределбата се врши најмалку 50% според критериумот на приходи по жител, а остатокот според други критериуми што ги утврдува Владата на РМ. Групата наменски дотации опфаќа неколку вида трансфери, и тоа: (1) наменска дотација што се распределува по општини врз основа на проект, за одредена институција или посебна програма, што ја утврдува надлежното министерство или соодветниот фонд, (2) капитална дотација, што се доделува на општината за финансирање на инвестициони проекти, врз основа на програма што ја утврдува Владата на РМ, (3) блок-дотација, што се доделува врз основа на конкретни програми, за новите надлежности во културата, образованието, социјалната заштита итн., и (4) дотација за делегирана надлежност. Имплементацијата на фискалната децентрализација се одвива етапно, почнувајќи од 1. И 2005 г. ЛИТ.: Ксенте Богоев, Фискалните аспекти на децентрализацијата – суштина и импликации, „Билтен на Министерството за финансии на Република Македонија“, 7–8, 2004. Ж. А. Таки Фити