ФИРФОВ, Милан

ФИРФОВ, Милан (Скопје, 25. Ⅲ 1943) – певец (баритон) и пијанист. Дипломира пијано (А. Прегер, 1969) и соло-пеење (Н. Цвеиќ, 1970) на Музичката академија во Белград, каде што ја стекнува и титулата магистер по соло-пеење (З. Зикова, 1974). Уметничката кариера ја започнува како со-лист во Операта на МНТ, а од 1969 г. предава на ФМУ во Скопје (редовен професор). Приредил повеќе солистички рецитали и настапи во придружба на оркестар. Се занимава и со музичка критика. Б. Орт. Данка Фирфова