ФИЛОКСЕРА ЛОЗОВА ВОШКА

ФИЛОКСЕРА ЛОЗОВА ВОШКА ( . Пхѕллоџера вастатриџ Планцх.) – растителна вошка што е пренесена од Америка. Се размножува на многу специфичен начин. Мали бескрилни женки од овој вид се сместуваат на лозови листови и на бесполов начин (партеногенетски) создаваат голем број единки; тие се собираат на жилките од листовите и прават испакнувања (глуждови). Подоцна се развива-Лозови вошки ат крилати женки, кои прелетуваат во други лозови насади, каде што на опачината од листот полагаат два вида јајца; од поголемите се развиваат бескрилни женки, а од помалите – мажјаци; по спарувањето женката полага едно јајце под кората на лозата, кое презимува; потоа возрасните единки умираат. На про-лет од оплоденото јајце се развива бескрилна женка која го повторува циклусот. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.