ФИЛОКРАТОВ МИР

ФИЛОКРАТОВ МИР (336 г. пр. н.е.) – мир склучен помеѓу македонскиот крал Филип Ⅱ и Атина. Бил постигнат по предлог на атинскиот политичар Филократ, поради силната воена експанзија на Филип, во корист на македонскиот крал. До склучувањето на мирот три пратеништва на Атина (присутни се Демостен и Ајсхин) доаѓале во Пела и пратеништва на Филип во Атина. ЛИТ.: Демостен, Говори, Скопје, 1995; А. шукарова, Филип Ⅱ Македонски и атинските ретори, Скопје, 2003. А. шук.