ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ

ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ – високошколска и научна установа во областа на општествените науки, на која се образоваат главно наставнички кадри за работа во предучилишното, во основното и во средното образование. Филозофскиот факултет е прва национална високошколска и научна установа со која започнува конституирањето и развојот на првиот македонски универзитет – Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Основан е непосредно по ослободувањето на Македонија, а за официјален почеток на неговата работа е прогласен 16 декември 1946 г., кога се одржани првите предавања. Комисијата што работела на неговото организирање, формирана од тогашниот министер за народна просвета Никола Минчев, ја сочинувале: д-р Михаило Петрушевски, д-р Харалампие Поленаковиќ, д-р Ѓорѓи шоптрајанов, Блаже Конески, Љубен

Филозофскиот факултет во зградата на Скопскиот универзитет (1952-1963)
ло Петрушевски, а за продекан д-р Фран Петре. Првата учебна 1946/47 г. почнала со 20 наставници и 1 асистент и со 548 студенти, запишани на 6 студиски групи на Историско-филолошкиот оддел (македонски јазик, југословенска книжевност, историја со историја на уметноста, романска филологија, класична филологија и филозофија со педагогија) и на 5 студиски групи на Природно-математичкиот оддел (математика, физика, хемија, биологија и географија со етнологија).
Со формирањето на Филозофскиот факултет не само што започна развитокот на високото образование во РМ, туку се удрени и темелите на развојот на фундаменталните општествени и природни науки. Филозофскиот факултет е формиран со првенствена задача да подготвува наставници по општообразовните предмети за средното образование, за кои во тоа време се чувствувала посебна потреба. Младата македонска држава, заедно со политичките цели за создавање слободна и современа држава, како примарна национална задача и една од основните претпоставки на националната и воопшто на човековата еманципација, го поставила и прашањето за просветување на народот. Македонија, земјата во која се зароди словенската писменост, Ослободувањето (1945) ја затече со близу 70% неписмено население над десетгодишна возраст. Основањето на Филозофскиот факултет всушност е одговор на овие предизвици.
Во развојната динамика на Филозофскиот факултет се оцртуваат четири фази. Првата е омеѓена со издвојувањето на Природно-математичкиот оддел (1958) во посебен Природно-математички факултет. Карактеристично за оваа развојна фаза се огромните усилби за создавање што посоодветни кадровски, просторни, материјално-технички и дидактички услови за остварување на наставно-образовниот и научноистражувачкиот процес. Втората фаза завршува со издвојувањето на филолошките студиски групи (1974) и формирањето на Филолошкиот факултет. Тоа е времето кога се совладуваат и последиците од катастрофалниот скопски земјотрес (1963), кога започнува третата фаза, чии основни белези се општествено-самоуправните преструктуирања и проширувањето на студиските програми.
Во учебната 1974/75 г. се отворени 4 нови студиски групи (Историја на уметноста со археологија, Психологија, Социологија и Оп-

Лапе и Јован Трифуновски. За

прв декан бил избран д-р Михаи-

Зградата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Филозофскиот факултет, Скопје
штонародна одбрана). Кон Филозофскиот факултет се приклучува дотогашната Виша школа за социјални работници, чии студии од учебната 1987/88 г. прераснуваат во четиригодишни. Во учебната 1993/94 г. при Институтот за педагогија почнаа студиите по дефектологија, кои по три години прераснаа во Институт за дефектологија.
Четвртата, современата фаза, која почнува со осамостојувањето на РМ (1991), ја карактеризираат процеси на организациски, управно-раководни и содржинско-програмски преструктуирања, како и воведувањето на Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС). Наставно-образовниот и научноистражувачкиот процес се остварува на 10 посебни институти, и тоа за: филозофија, педагогија, историја, историја на уметноста и археологија, класични студии, психологија, социологија, одбранбени и мировни студии, социјална работа и социјална политика и дефектологија; и на две катедри: за хуманистички студии и за дефендологија.
Студиските програми се организирани на три нивоа: додипломски, постдипломски (специјалистички и магистерски) и докторски студии. Заклучно со 2006 г. на Филозофскиот факултет дипломирале 10.466 студенти. Одбранети се 330 магистерски и 266 докторски дисертации. Факултетот располага со библиотечен фонд од над 180.000 книги и други изданија. Од 1948 г. Филозофскиот факултет издава свој „Годишен зборник“ (в.), во кое се објавуваат научни прилози од наставниците и соработниците на Факултетот. Филозофски факултет во Скопје постоел и меѓу двете светски војни, во времето на Кралството Југославија. Основан е со Кралска уредба од 2. Ⅱ 1920 г., со задача да подготвува наставници за средните училишта, а со официјализирани наставни планови работи од учебната 1924/25 г. Иако со денационализаторска и асимилаторска матрица кон македонскиот народ, дал своевиден придонес во подигањето на образовното ниво на македонското население. Од него произлегле и значителен број интелектуалци и борци за македонската кауза.
ЛИТ.: Филозофски факултет во Скопје: 1920–1946–2006, Скопје, Филозофски факултет, 2006. К. Камб.

Напишете коментар