ФИЛОЗОФСКА ТРИБИНА

„ФИЛОЗОФСКА ТРИБИНА“ – прво филозофско списание во Македонија што го издаваше ННСГ за филозофија при Филозофскиот факултет (Скопје) и Секцијата за филозофија при Друштвото за филозофија, социологија и политикологија на СРМ. Првиот број беше насловен „Билтен на Списанието Секцијата за фи„Филозофска трибина“ лозофија при Друштвото за филозофија, социологија и политикологија на СРМ“ (мај, 1978). Списанието ги имаше следниве рубрики: студии и есеи; големи текстови; од наставно-образовната дејност; прикази и осврти; библиографија. Поради недостиг на финансиски средства престана да излегува во 1996 г. Неговата традиција ја про-должи (в.) „Филозофија“. В. Панз.