ФИЛОВ, Богдан

ФИЛОВ, Богдан (Стара Загора, Бугарија, 28. Ⅲ 1883 – Софија, 1. Ⅱ 1945) – археолог и историчар на уметноста, профашистички премиер и регент на Бугарија. Завршува класична гимназија во Софија. Студира на Универзитетите во Визбург, Лајпциг и Фрајбург, каде што учи класична филологија, стара историја и археологија. Богдан Филов Докторирал во Фрајбург. Од 1920 г. е директор на Народниот музеј во Софија. Од 1936 е избран за професор по историја и археологија на класичните народи на Универзитетот во Софија. Ги проучува изворите, епиграфските споменици, уметничкото античко наследство на просторот на Тракија и Македонија и влијанијата на хеленската култура врз варварските народи и нивното творење. Тој е основоположник на научната дисциплина Тракологија. Во 1916 г., заедно со Ј. Иванов, ја обиколува Македонија, почнувајќи од Мелник преку Струмица и Битола до Охрид, проучувајќи ги средновековните тврдини и цркви. Заедно со шкорпил во 1927 г. ги обелодени истражувањата на познатата некропола кај Требениште во близина на Охрид и ги постави наодите во хронолошка и културолошка рамка, од што понатаму во науката многу не се отстапува, туку се надополнуваат неговите заклучоци со нови сознанија. БИБ.: Богдан Филоњ, Карл Сцхкорпил, Дие арцхаисцхе Некрополе вон Требенисцхе ам Оцхрида-Сее, Берлин-Леипзиг, 1927. В. Б.-Гр.