ФИЛМСКА КРИТИКА И ПУБЛИЦИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА

ФИЛМСКА КРИТИКА И ПУБЛИЦИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА. Од 1921 г. во периодиката се востановени рубрики за филм-ска критика, тренд што продолжува и по Втората светска војна. Периодот на педесеттите години од ⅩⅩ в. претставува истражување на медиумската структура и тука се испробуваат Димитар Митрев, Јован Бошковски, Димитар Солев и многумина други од редот на писателскиот еснаф. Темелите на автентичната македонска филмска критика се поставуваат во шеесеттите години (Илхами Емин, Георги Василевски, Цветан Станоевски, Мирослав Чепинчиќ…) и веќе во наредната деценија кругот се проширува со помлади критичари (Илинденка Петрушева, Благоја Куновски, Томислав Османли). Со тоа се отвора патот за една интензивна филмска публицистика. На тој план најзначајно место има филмолошката издавачка дејност на Кинотеката на Македонија. Ил. П. Кадар од филмот „Митинг во Прилеп