ФИЛИП Ⅱ

ФИЛИП Ⅱ (359–336 г. пр. н.е.) – македонски крал од династијата Аргеади, татко на Александар Ⅲ Македонски, син на кралот Аминта Ⅲ. Станува крал на 23-годишна возраст. Стекнува слава на генијален стратег, храбар војсководец и одличен дипломат. Како македонски басилевс (монарх) спроведува воени реформи, создава професионална војска, пешадија – македонска фаланга и благородничка коњица – хетајри, од придружниците и другарите на кралот. Како голем државник кове златни и сребрени монети (филипики и статери). Првата битка ја извојувал против илирскиот владетел Бардилис (358 г. пр. н.е.) и ја освоил територијата до Лихнидското Езеро; следува освојување на хеленските колонии на македонскотракискиот брег; го поразува воениот сојуз на тракискиот владетел Керсоблепт, илирскиот Граб и пајонскиот Ликеј (356/5) и го освојува гр. Потидаја (356). Следните позначајни освојувања се: Абдера и Маронеја (353) – градови на тракискиот Херсонес (со што е поставена источната граница на Македонија со Тракија – до р. Места); го освојува пристаништето Амфипол (357) и гр. Крениди (во златоносната област на пл. Пангеј) што го преименува во Филипи и го населува со македонски преселници. Со освојувањето на Пидна (357/6) и на Метона (353), македонската држава излегува на македонско-пиерискиот брег. По овие големи успеси Македонија започува експанзија кон хеленските полиси; навлегува во Тесалија, го освојува пристаништето Пагаса (352), го поразува фокидискиот тиранин Ономарх, по што е избран за доживотен сојузник на Тесалскиот сојуз со титулата архонт (врховен војсководец). Додека Демостен повикува на војна против Филип, македонскиот владетел го освојува најзначајниот град на Халкидик, Олинт (349). Војната со хеленските полиси започнува и завршува со една битка кај Хајронеја (338). По оваа голема победа за Македон-Филипи, град во Источниот дел на Македонија ците, Филип Ⅱ е избран за хегемон на т.н. Коринтски сојуз, т.е. за главен војсководец, кој треба да ја поведе македонската и хеленската војска на воен поход против Персиското Царство. По две години е убиен во престолнината Ајга. Во историјата е забележан како најголем басилевс во Европа. ЛИТ.: Демостхенес, И–Ⅳ, Лоеб Цлассицал Либрарѕ, Харвард Университѕ Пресс, 1956, 58, 1962, 63; Плутарцх, Демостхенес, Лоеб Цласс. Либ., Харвард Университѕ Пресс, 1959; Аесцхинес, Тхе Спеецхес, Лоеб Цласс. Либ., Харвард Университѕ Пресс, 1958; Исоцратес, Пхилппос, Харвард Университѕ Пресс, 1961; Иустини, Хисториарум Пхилиппицарум, Парисиис, МДЦЦЦЏЏИИИ; Јустин, Филиповата историја. Прев. Љ. Басотова, Скопје, 2000; Демостен, Говори. Прев. Д. Чадикова, Скопје, 1995; Пхилип оф Мацедон; А. шукарова, Филип Ⅱ и атинските ре-тори, Скопје, 2003. А. шук.

Напишете коментар