ФИЛИПЧЕ, Добри Ставрев

ФИЛИПЧЕ, Добри Ставрев (Охрид, 28. Ⅶ 1946) – спец. гинеколог-акушер, редовен професор на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. завршил во Скопје (1970) и специјализирал гинекологија и акушерство (1973–1977). Работел на Гинеколошко-акушерската клиника (1971–2006) и бил нејзин директор (1998–2002). Магистрирал во Загреб (1978), а докторирал во Бел-град (1986). Основач е на првата балканска школа за ултра звук, се посветил на проблемите на перинаталната медицина, хуман фетус, експериментален фетус во животински модели. Публикувал Добри Филипче над 100 труда и повеќе монографии. БИБ.: Интраутерина ретардација на феталниот растеж, Скопје, 1988; Животот пред наше раѓање, Охрид, 1994; Визија за намалување на перинаталната смртност, Скопје, 1999; Менаџмент на компликациите во бременоста и раѓањето, 2001; Медикоетички проблеми во репродукцијата, 2004; Фетална медицина, 2005. М. шољ. Илија Филипче