ФИЛИПОВСКИ, Атанас

ФИЛИПОВСКИ, Атанас (с. Сулдурци, Радовишко, 22. Ⅸ 1946) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1996) по предмети од областа на металните конструкции и испитувањето на конструкциите. Магистрирал во ИЗИИС (1978), докторирал на Градежниот факултет во Скопје (1988). Објавил учебници по метални, односно челични конструкции за Градежниот и Архитектонскиот факултет, единствени во земјава, кои се користат и од специјалистите во практиката. Љ. Т.