ФИЛИПОВИЧ, Димитрија

ФИЛИПОВИЧ, Димитрија (ⅩⅤⅠⅠⅠ – ⅩⅠⅩ в.) – добротвор од Кратово. Во 1812 г. го платил бакрорезното клише за Лесновскиот манастир со претстава на св. Гаврил Лесновски, а во 1817 г. во Будимската универзитетска печатница го финасирал печатењето на книгите „Митарства“ и „Чудеса пресвјатија Богородице“ од Јоаким Крчовски. ЛИТ.: С. Радојчиђ, Старине Црквеног Музеја у Скопљу, Скопље, 1941, 87; М. Георгиевски, Македонската печатарска дејност, Скопје, 1972, 56. Ј. Ч.-Ф.