ФИЛИПИКИ

ФИЛИПИКИ – политички и епидиктички говори на најславниот антички говорник Демостен (384

пр. н.е.). Од 352 г. пр. н.е., пред Народното собрание во Атина Демостен ги држи своите најпознати говори, со кои ги повикува Хелените на обединување за одбрана од непријателот Филип Ⅱ; говорите не ја постигнуваат целта: Хелените се поразени и освоени. Тие се исклучителен документ за ова
бурно време на
Статуа на Демостен
крупни промени во кои македонската држава станува главен политички фактор во светски рамки.
ЛИТ.: Демостхенес, И–Ⅳ, Харвард Университѕ Пресс, 1956, 58, 1962, 63; Демостен, Говори. Прев. Д. Чадиковска, Скопје, 1995; А. шукарова, Филип Ⅱ и атинските ретори, Скопје, 2003; П. Карлие, Демостен, Скопје, 1994. А. шук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *