ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИНСТРУМЕНТИ ПЕЦЕ АТАНАСОВСКИ

ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИНСТРУМЕНТИ „ПЕЦЕ АТАНАСОВСКИ“ . (Спасовден, месност Рудина во с. Долнени, Прилепско, 1974–) – традиционален меѓународен дводневен годишен фолклорен фестивал. Во 2007 г. се одржа ЏЏЏИИИ фестивал со учество на 34 фолклорни групи со околу 400 учесници. Неговото отворање започнува со дефиле на учесниците по улиците на Прилеп, а во наредните денови во месноста Рудина во с. Долнени. Се доделува гран-при статуетка (гајдаџија) за најдобри исполнители на македонски народни песни и гајдата на Пеце Атанасовски за најуспешен странски учесник. Фестивалот го раководи Совет на чело со претседател и уметнички директор. С. Мл. Никола Мартиноски: „Мајка со дете“