ФЕНИ ИНДУСТРИ

„ФЕНИ ИНДУСТРИ“ – КАВАДАРЦИ – металуршки комбинат за производство на фероникел, составен од топилницата во близина на Кавадарци и рудникот за никел „’Ржаново“ на 40 км оддалеченост. Проектирана е во 1970тите, градена е и работи од 1980 г., првобитно како „ФЕНИ“ – Кавадарци, со два прекина во работењето. Со приватизирањето (2001) производството е стабилизирано и континуирано расте, посебно по 2005 г., кога е преземена од сегашните сопственици БСГ од Израел и Алферон од Велика Британија. Рудата од отворениот коп во рудникот се носи во топилницата со транспортна лента (долга 36,5 км), каде што се хомогенизира, се дроби, се меле и се уситнува (с“ повеќе се користи и увозна руда, побогата со никел). Натаму се пелетизира, а пелетите се сушат и се предредуцираат во ротациона печка. Редуцирањето и топењето се одвива во електропечка. Добиениот суров фероникел се одделува од троската и се рафинира со продувување кислород, по што се лее во гранулат. Готовиот производ содржи од 21 до 23% никел, а остатокот е железо со мали количества кобалт и под 0,2% нечистотии. Поради високиот квалитет, производот е ценет и се приМеталуршкиот комбинат „ФЕНИ“, Кавадарци менува во многу челичарници низ светот. Со континуирано инвестирање с“ повеќе се зголемува количеството на произведениот фероникел, се намалува специфичната потрошувачка на електрична енергија, но и се подобрува заштитата на животната средина. Само во период од две години (2004–2006) производството е зголемено за два пати. Компанијата е носител на вкупниот развој во Кавадарци и околината. Св. Х. Ј.