ФАША

„ФАША“ – албанска фашистичка организација (1941–1944), формирана од Италијанците за поддршка на воспоставувањето на окупаторската власт во окупираниот дел на Македонија. Учествувала во откривањето и ликвидирањето на лица и групи во единиците на Македонската војска. Во 1943 г. се присоединила кон Балистичката организација за заедничко дејствување. Се расформирала во ноември 1944 г. ЛИТ.: Ѓорѓи Малковски, Балисти, Скопје, 2002. Ѓ. Малк.