ФАРМАЦЕВТСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ФАРМАЦЕВТСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА – институција формирана во 1992 г. по иницијатива на Македонското фармацевтско друштво. Прв претседател бил Д. Туџаров (1992–1996). Основната задача е да ја заштитува и да ја унапредува стручноста на дипломираните фармацевти и етичките должности и права, да го подобрува квалитетот на здравствената заштита, да ги заштити интересите на професијата и да издава лиценца за самостојно вршење на дејноста. Л. П.-Т.