ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА ВО СКОПЈЕ

ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА ВО СКОПЈЕ – високошколска институција основана со закон (1977). Матичната комисија од седум члена со претседател проф. д-р Ванчо Ковачев, го донесла Наставниот план, распишала конкурс и примила 86 редовни и 18 вонредни студенти на студии во прва година. Потоа објавила конкурс и избрала наста-Спортската сала на Факултетот за физичка култура , Скопје вен кадар: 4 виши предавачи, 5 предавачи, 2 асистенти и 4 помлади асистенти во постојан работен однос (од 1. Ⅴ 1978) и Факултетот ја започнал работата (од учебната 1977/78). Четирите биолошкомедицински предмети ги предавале професори од Медицинскиот факултет, а шест од хуманитарната област професори од Филозофскиот и Филолошкиот факултет во Скопје. На Факултетот дипломирале 1162 студенти, магистрирале 25, докторирале 37, хабилитирале 3, завршиле специјалистички студии 3 и студии за гурувањето. Тој има и дисперзи-виши спортски тренери 110 сту-Факултетот за ликовни уметности, Скопје денти (до 2002). Во негов состав работи Центар со наставници што држат настава по Физичко образование на прва година студии на нематичните факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. ЛИТ.: Душан Станимировиќ, Основање на Факултетот за физичка култура, „Годишен зборник на Факултетот за физичка култура“, Скопје, 1988, 118–159; 25 години на Факултетот за физичка култура, Скопје, 2002. Д. С.