ФАКУЛТЕТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ

ФАКУЛТЕТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ – СКОПЈЕ (ФМУ) – единствена високообразовна, уметничка и научна институција од областа на музиката во РМ, на која се образуваат кадри неопходни во сите алки на националната музичка култура и образование, Факултетот за музичка уметност, Скопје со што институцијата е од стратешки национален интерес. Основана е под името Висока музичка школа (1966); подоцна преименувана во Факултет за музичка и драмска уметност (1978), а од 1979 г. Факултетот за музичка уметност дејствува независно од Факултетот за драмска уметност. Од 1973 г. на ФМУ се организираат постдипломски и докторски студии. Во педагошката дејност на Факултетот учествувале видни домашни и светски музички педагози. Од 1975 г. ФМУ е член на Меѓународната асоцијација на музички академии, конзерваториуми и високи школи со седиште во Женева. Б. Орт. Факултетот за туризам и угостителство, Охрид