ФАКУЛТЕТ ЗА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА, СКОПЈЕ

ФАКУЛТЕТ ЗА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА, СКОПЈЕ – високошколска институција што ја започна својата дејност во учебната 1991/92 г. како насока на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје Земјоделскиот факултет од Скопје. Универзитетскиот совет на 14. Ⅸ 1993 г. донесе одлука за организирање посебен В. ф., а Министерството за образование и физичка култура на 24. Ⅳ 1994 г. донесе решение за верификација на формирањето и работењето на Факултетот. Како самостојна институција В. ф. започна на 1. И 1994 г. Факултетот преку својата наставно-образовна, научна и апликативна дејност образува кадри од ветеринарната медицина, кои се вклучуваат во дејноста на ветеринарното здравство што се организира како здравствена заштита, продукција, репродукција, хигиена и технологија на производите од животинско потекло и исхрана на домашните животни. Факултетот е рамноправна членка на Европската асоцијација на ветеринарните факултети. Соработува со ветеринарните факултети од Софија, Загреб, Љубљана, Бел-град, Алфорд, Минесота и др. М. Д. – Ј. Б.