УЧИТЕЛСКИ ШКОЛИ ВО МАКЕДОНИЈА

УЧИТЕЛСКИ ШКОЛИ ВО МАКЕДОНИЈА – вид средни стручни училишта за оспособување наставен кадар за основните училишта. Во Македонија се јавуваат во втората половина на ⅩⅠⅩ в. Првата ваква школа е основана во Штип (1869), наречена Педагошко-богословска школа, а потоа во Прилеп (1874). Кон крајот на ⅩⅠⅩ в., учителска школа е формирана и во Скопје. Како прва трокласна педагошка установа, работела до Првата балканска војна. Меѓу двете светски војни посебно била позната Учителската школа во Скопје. Учителска школа постоела и во Прилеп, работела само неколку години (1923–1929). Непосредно по Ослободувањето, учителски школи биле формирани во Скопје, Штип и во Битола, а потоа во Тетово (на албански јазик, подоцна дислоцирана во Скопје). школувањето во учителските школи, првин траело две години, потоа три или четири и на крајот пет години. Наставните планови и програми се менувале, но биле структурирани главно од општообразовни, педагошко-психолошки и методичко-практични содржини. Учениците се оспособувале за работа во одделенската настава на основното училиште. По-Влезот на Учителската школа во Скопје себно внимание се обрнувало на практичната подготовка, која се остварувала во вежбални при самата установа или при некое основно училиште. Како средношколски установи за подготвување учители за одделенска настава тие постоеле до почетокот на шеесеттите години на ⅩⅩ в., до основањето на (в.) педагошките академии. Дале значаен придонес во оспособувањето на учителски кадри. ЛИТ.: К. Камберски, Од буквар до универзитет, Скопје, 1994. К. Камб.