УЧИТЕЛСКА ОРГАНИЗАЦИЈА

УЧИТЕЛСКА ОРГАНИЗАЦИЈА (Солун, 1909 – 1912) – сталешка организација што развила богата културно-просветна дејност за отворање народни училишта, библиотеки, читалишта и за прославување на историски настани. Го издавала весникот „Учителски глас“. Се застапувала за заедничко дејствување со прогресивните турски, влашки, грчки и еврејски учители. Одржала пет учителски конгреси. Организацијата била прогонувана од Егзархијата. Пледирала за самоуправување и федерирање на слободните балкански народи. ЛИТ.: Атанас Митрев, Мемоари, огледи, статии, Скопје, 1974; Манол Пандевски, Учителското движење во Македонија (1893–1912), Скопје, 1962. О. Ив. Весникот „Учителски глас“, Солун