УЧЕНИЧКО ДРУШТВО

УЧЕНИЧКО ДРУШТВО (ДРУЖИНА) „ВАРДАР“ во Белград (1893/94) – културно-национално и научно-литературно друштво (дружина) на студентите и учениците од Македонија што се школуваа во Белград. Правилата се прифатени од собранието на 15. Ⅲ 1894 г. Официјалната цел била: „а) да работи врз истражувањето и запознавањето на својата татковина во земјописен, народносен и историски поглед; б) членовите на Дружината заемно да си помагаат како во воспитен и морален така и во материјален поглед; в) да работи за сестрана подготовка на своите членови за да му послужат што подобро на својот народ во државата на Неговото Величество Султанот“. Неофицијалната и вистинска цел, според неговиот член К. П. Мисирков, била: „негоите членои да се запознаиат и да си изработат иедна програма, коиа ке иа осашчествуваат во Македонииа таино от србцката пропаганда. Иавната цел’а на другарството беше изучуаин’ето на Македонииа во етнографцки, филологиицки и историицки однос“. Претседател на Друштвото беше Никола По-пов(иќ), а меѓу членовите беа и К. Мисирков и Д. Чуповски. Друштвото е задушено од надлежните власти во 1894/95 г., кога и името „Вардар“ е заменето со „Пролеќе“, а во членството се вклучени и не-Македонци. ЛИТ.: К. П. Мисирков, За македонцките работи, София, 1903, 90; Д-р Блаже Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација, Ⅱ, Скопје, 1983, 9–23. Бл. Р. Подготовка за слет