УСТАВ НА ФНРЈ/СФРЈ

УСТАВ НА ФНРЈ/СФРЈ – највисоки општи правни акти во втора Југославија, формирана на Второто заседание на АВНОЈ, одржано на 29. Ⅺ 1943 г. во Јајце, БиХ. Уставот на ФНРЈ е донесен на 31. И 1946 г. на Уставотворното собрание на ДФЈ. Тоа е првиот народнодемократски устав во Европа по Втората светска војна. Со него се санкционираат придобивките на Народноослободителната борба и на социјалистичката револуција: народната власт; сојузот на работничката класа и работното селанство, државната и задружната сопственост и рамноправните односи помеѓу југословенските народи, изразени низ федеративниот облик на државното уредување. ФНРЈ се дефинира како сојузна народна држава со републикански облик, заедница на рамноправни народи, кои врз основа на правото на самоопределување, вклучувајќи го и правото на отцепување, ја изразија својата волја да живеат заедно во федеративна држава. ФНРЈ ја сочинуваа: НР Србија (со Автономна Покраина Војводина и автономната Косово-метохиска област), НР Хрватска, НР Словенија, НР Босна и Херцеговина, НР Македонија и НР Црна Гора. Суверенитетот на народните републики во составот на ФНРЈ остана ограничен во однос на правата што со Уставот на ФНРЈ $ се пренесени на ФНРЈ. Според Уставот, во ФНРЈ целокупната власт произлегува од народот и му припаѓа на народот. Уставот на СФРЈ од 1963 г. СФРЈ ја дефинира како сојузна држава на доброволно обединети и рамние. Член на Организацијата мо-ноправни народи и како соција-Уставот на Република Македонија(8. Ⅸ 1991) жел да биде „секој Македонец и листичка демократска заедница, Уставот на СФРЈ (1963) заснована врз власта на работниот народ и самоуправувањето. СФРЈ ја сочинуваа социјалистичките републики: Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија. Републиката се дефинира како државна социјалистичка демократска заедница заснована на власта на работниот народ и самоуправувањето. Работниот народ беше единствениот носител на власта и управувањето со општествените работи. Според Уставот на СФРЈ од 1974 г., СФРЈ се дефинира како сојузна држава, т.е. како државна заедница на доброволно обединети народи и на нивните социјалистички републики, како и на социјалистичките автономни покраини Војводина и Косово, во состав на СР Србија, заснована врз власта и самоуправувањето на работничката класа и на сите работни луѓе и социјалистичка демократска заедница на работните луѓе и граѓаните и на рамноправните народи и народности. СФРЈ ја сочинуваа: СР Босна и Херцеговина, СР Македонија, СР Словенија, СР Србија (со САП Војводина и САП Косово), СР Хрватска и СР Црна Гора. Социјалистичката република се определува како држава заснована врз сувереноста на народот и врз власта и самоуправувањето на работничката класа и на сите работни луѓе и како социјалистичка демократска заедница на работните луѓе и граѓаните и на рамноправните народи и народности. Работничката класа и сите работни луѓе беа носители на власта и управувањето со другите општествени работи. ИЗВ.: Устав на ФНРЈ, Скопје, 1946; Устав на СФРЈ, Скопје, 1963; Устав на СФРЈ, Скопје, 1975. ЛИТ.: Светомир шкариќ, Уставно право на СФРЈ, Прва книга, Скопје, 1986. Св. ш.