УСТАВ НА ТАЈНАТА МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

УСТАВ НА ТАЈНАТА МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА (1896) – подготвен од Гоце Делчев и Ѓорче Петров, определени за тоа со одлука на Првиот конгрес на Организацијата одржан во Солун (24. Ⅲ /5. Ⅳ – 31. Ⅳ/12. Ⅳ 1896). По отпечатувањето Уставот бил испратен во седумте револуционерни окрузи. Уставот има 19 члена, распоредени во 4 глави: Цел, Состав и устројство, Материјални средства на Револуционерната организација и Казни. Организацијата поставила цел да изгради единство на „сите незадоволни елементи во Македонија и во Одринско, без разлика на народноста, за извојување преку револуција полна политичка автономија за тие две области“. Објавила дека се бори за елиминирање на надворешните пропаганди, кои создавале поделби…, дека дејствува за внесување револуционерен дух и свест…, да подготви сеопшто оружено воста-Одринец кој не се компромитирал… и се обврзува да му биде полезен на револуционерното ослободително дело“. Уставот ги определил симболите: амблемот и знамето на Организацијата. ЛИТ.: Документи на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, 1, Скопје, 1981. М. Мин. Уставот на ФНРЈ (1946)