УСТАВОТ НА ОСМАНЛИСКОТО ЦАРСТВО

УСТАВОТ НА ОСМАНЛИСКОТО ЦАРСТВО (1876). Првиот Устав во османлиската држава бил подготвен од државна комисија на чело со великиот везир Митхадпаша (17. Х & 17. ⅩⅠⅠ 1876), потврден од султанот Абдул Хамид Ⅱ и влегол во сила по објавувањето (23. ⅩⅠⅠ 1876), во времето на одржувањето во Цариград на Европската конференција за реформи на Турција. Уставот има 119 члена и 12 оддели: Османлиско Царство, јавни права на османлиските граѓани, министри, службеници, Народно претставништво, Сенат, судска власт, финансии, вилаети и завршни одредби. Наскоро по донесувањето е и суспендиран (5. Ⅱ 1877), а великиот везир Митхад-паша е сменет и заточен во Јемен. Уставот повторно стапува во сила по Младотурската револуција (јули 1908), кога турската војска од Македонија влегува во Цариград и го присилува султанот одново да го воведе. Поширка поддршка Уставот добил на масовните собири на војската и граѓаните во Солун, Битола, Скопје и Серес (20&23. Ⅶ 1908) и се применувал сè до 1921 г. Во споредбеното уставно право е познат како „Митхад-пашин устав“. Формално Одлучувал за усогласеноста на Зградата на Сојузното собрание во Белград каде што се одржало Уставотворното собрание на ДФЈ Зградата на Собранието на Република Македонијаво Скопје каде што е одржано Уставотворното собрание на Република Македонијатој изгледа западноевропски, но во суштината го следи старото османлиско владеење, без реална поделба на власта. ЛИТ.: Оттоманската конституция, ЦариградÍ, 1876; Јосепх вон Хаммер, Хисторија турскох (осмнског) царства, 3, Загреб, 1979. Св. ш.