УСТАВЕН СУД НА СРМ/РМ

УСТАВЕН СУД НА СРМ/РМ – орган за заштита на уставноста и законитоста, воведен со Уставот на СРМ од 1963 г. Него го познава и Уставот на СРМ од 1974 г. републичките закони со Уставот, на прописите и другите општи акти со републичките закони, на статутите на општините и околиите со Уставот и со републичките закони, во споровите за правата и должностите помеѓу Републиката и општините и околиите, за заштита на правото на самоуправување и на другите основни слободи и права кога тие биле повредени со поединечен акт или со дејство на државен орган, а за кои не би-Уставниот суд на Република Македонијала обезбедена друга судска заштита. Одлуките на Уставниот суд биле конечни и извршни. Според Уставот на СРМ од 1963 г. Уставниот суд на Македонија го сочинувале претседател и шест судии, избрани за време од осум години. Според Уставот на СРМ од 1974 г., Уставниот суд го сочинувале претседател и осум члена. Манда-тот на претседателот траел една година, а мандатот на членовите осум години. Уставниот суд на Република Македонија се воведе со Уставот на Република Македонијаод 1991 г. Уставниот суд го сочинуваат девет судии, избрани од Собранието на РМ, за период од девет години. Одлучува за усогласеноста на законите со Уставот, на другите прописи и на колективните договори со Уставот и законите, за уставноста на програмите и статутите на политичките партии и на здруженијата на граѓаните, ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот, кои се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните врз основа на полот, расата и верата, националната, социјалната и политичката припадност. Уставниот суд одлучува и за одговорноста на претседателот на Републиката со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии, како и за одземање на имунитетот на претседателот на Републиката. Донесува поништувачки и укинувачки одлуки. Неговите одлуки се конечни и извршни. Во структурата на одлуките доминираат укинувачките одлуки со 95%. ИЗВ.: Уставносудска заштита – реалност и перспективи, Скопје, 2004. ЛИТ.: Светомир шкариќ, Уставно право, Скопје, 2006. Св. ш.