УСПЕНИЕ НА СВ

УСПЕНИЕ НА СВ. БОГОРОДИЦА“– црква во Ново Село (Штип). Голема трикорабна базилика со галерии на катот од западната, источната и од северната страна. Градена од делкан камен, употребен за основните странични ѕидови, апсидата и за тремот, и од дрвена граѓа за обликување на столбовите, сводовите, покривот и куполите. Овој импозантен црковен објект е дело на познатиот македонски градител Андреј Дамјанов, од родот Рензовци, кој потекнува од малореканското село Тресонче. Базиликата се градела неколку години, почнувајќи од 1835–36 г., а била завршена во 1850 г. Со својата градителска, зографска и копаничарска тајфа, составена од членови на неговото потесно семејство, Андреј Дамјанов гради повеќе големи цркви не само на почвата на Македонија, туку и во Србија и во Босна. Неговиот брат Ѓорѓи Дамјанов ги слика ѕидните слики на поединечните светители и композициите, додека големиот копаничарски изработен иконостас, балдахинот во олтарниот простор, владичкиот стол и царските двери во црквата „УСПЕНИЕ НА СВ. БОГОРОДИЦА“ – црква позната од историски извор што го дава зографот Теодосија од Велес. Тој изработил икона (1813) и $ ја подарил на старата црква посветена на Успението на св. Богородица, која се наоѓала во Ново Село (Штип) сè додека на нејзино место не била изградена новата голема базилика. Живописот за старата црква го работел зографот Теодосија од Велес. ЛИТ.: К. Балабанов, Постојана галерија на икони во црквата „Успение на св. Богородица“ во Ново СелоШтип, Штип, 1972; истиот, Галерија на икони, Штип, 1988. К. Б. УСТАВ НА МАКЕДОНСКАТА ЛИГА ЗА ДРЖАВНОТО УРЕДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА