УСПЕНИЕ НА СВ

УСПЕНИЕ НА СВ. БОГОРОДИЦА“ – црква во Крушево. Голема трикорабна базилика со купола врз осмостран тамбур. Градена е во 1867 г. од кршен и од приделкан камен со малтер. Ѕидните слики се дело на локални зографски работилници. Иконите на иконостасот се дело на познатиот и талентиран крушевски зограф Никола Михаилов, како и на зографот Атанас со синовите и на зографот Станко Рензе, од познатото зографско семејство Рензовци – Зографовци. Црквата „Успение на Св. Богородица“, Крушево ЛИТ.: К. Томовски, Историја на Крушево и Крушевско, Ⅲ, гл. В–1, Крушево, 1978; К. Балабанов, Историја на Крушево и Крушевско, Ⅲ, гл. В–2, Крушево, 1978; К. Балабанов , Благо на путевима Југославије, Београд, 1983. К. Б. се дело на Никола Дамјанов. Големите престолни икони за копаничарски изработениот иконостас биле дело на зографот Станислав Доспевски од Самоков, работени во периодот 1861– 1866 г. Во 1972 г. катот на храмот е адаптиран во Галерија на икони собрани од повеќе цркви од Источна Македонија. Најстарите потекнуваат од ⅩⅤⅠ в., а најголемиот дел од нив се дела на зографите што работеле во ⅩⅠⅩ и во првите децении на ⅩⅩ в. ЛИТ.: К. Балабанов, Постојана галерија на икони во црквата „Успение на св. Богородица“ во Ново СелоШтип, Штип, 1972; К. Балабанов – А. Николовски – Д. ќорнаков, Споменици на културата на Македонија, Скопје, 1980. К. Б. Црквата „Успение на Св. Богородица“, Ново Село, Штип