УРОШЕВИЌ, Влада

УРОШЕВИЌ, Влада (Скопје, 17. Ⅹ 1934) – поет, раскажувач, романсиер, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар, преведувач, универзитетски професор. Дописен член е на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и Влада Урошевиќ редовен член на Европската поет-ска академија со седиште во Луксембург. Член е на МАНУ, на Македонскиот ПЕН-центар и на ДПМ (од 1961). Се јавува како пасиониран истражувач на противречната феноменологија на литературната и научната фантастика, на митолошките системи на минатото и денешнината, на ирационализмите од ониричките доживувања присутни во модерниот и постмодерниот поетски и раскажувачки дискурс, почнувајќи од книгата „Мрежа за неуловливото“ (1980), преку „Нишката на Аријадна“ (1985) и „Демони и галаксии“ (1988), па с“ до „Астролаб“ (2000). Затоа и како автор израснува во поет и раскажувач на фантастичното, ониричкото, надреалното. Дебитира со стихозбирката „Еден друг град“ (1959). Првиот негов роман го носи насловот „Вкусот на праските“ (1965), а првата негова збирка раскази „Знаци“ (1969). Урошевиќ ја претставува најкомпетентно т.н. трета генерација македонски поети преку антологискиот избор „Црниот бик на летото“ (1963), а потоа и со есеи и критики собрани под наслов „Врсници“ (1971). ДЕЛ: Еден друг град (поезија, 1959), Невиделица (поезија, 1962), Вкусот на праските (роман, 1965), Манекен во пејзажот (поезија, 1967), Летен дожд (поезија, 1967), Знаци (раскази, 1969), Врсници (критики и есеи, 1971), Ноќниот пајтон (раскази, 1972), Ѕвездена терезија (поезија, 1973), Нуркачко ѕвоно (поезија, 1975), Сонувачот и празнината (поезија, 1979), Мрежа на неуловливото (критики и есеи, 1980), Лов на еднорози (раскази, 1983), Компасот на сонот (поезија, 1984), Нишката на Аријадна (критики и есеи, 1985), Хипнополис (поезија, 1986), Подземна палата (есеи, 1987), Демони и галаксии (студија, 1988), Панична планета (поезија, 1989), Алдебаран (записи и патописи, 1991), Митската оска на светот (критики и есеи, 1993), Ризиците на занаетот (поезија, 1993), Мојата роднина Емилија (роман, 1994), Паники (поезија, 1995), Дворскиот поет во апарат за летање (роман, 1996), Париски приказни (записи и патописи, 1997), Астролаб (критики и есеи, 2000), Дива лига (роман, 2000); антологии: Француска поезија –ЏЏвек (1972), Црна кула (1976), Современа македонска поезија (на српскохрватски јазик, 1978), Космос в амбар (на холандски јазик, 1980), Кула (на узбечки јазик, 1981), Големата авантура: францускиот надреализам (1993), шуми под море (кратката прозна форма во француската литература, 1994), Златна книга на француската поезија (1996), Седум француски поети (2001). Избрани дела (2004), ЛИТ: Лидија Капушевска-Дракулевска, Во лавиринтите на фантастиката (Фантастичниот расказ во македонската литература) (1998); Лорета Георгиевска-Јаковлева, Фантастиката и македонскиот роман (2001); Христо Георгиевски, Македонскиот роман 1952–2000 (2002); Лидија Капушевска-Дракулевска, Поетика на несознајното (2002); Истата, Поетика на изненадувањето (2003); Владимир Јанковски, „Огледало на загатката“ (Разговори со Влада Урошевиќ), (2003); Блаже Конески, „Меѓу јавето и сонот“. Поговор кон книгата на Влада Урошевиќ, „Панична планета“, (1989); Веле Смилевски, „Поетика на сонот“ (1988) В. М.-Ч. Виктор Урумов