УРОШЕВИЌ, Атанасие

УРОШЕВИЌ, Атанасие (Гнилане, 14. Ⅹ 1898 – Белград, 16. Х 1992) – унив. професор, географ. Средно образование завршил во Скопје, каде што и дипломирал на Филозофскиот факултет, на Географско-етнолошката група. Докторирал во Белград (1929), а потоа бил избран за доцент на Групата географија на Филозофскиот факултет во Скопје. Втората светска војна ја минал како воен заробеник во Германија. Во 1946 г. е поканет од Владата на НРМ да премине на штотуку основаниот Филозофски факултет во Скопје како вонреден професор. Го основал Географскиот инсти-Атанасие Урошевиќ тут и бил негов раководител с“ до пензионирањето (1964). Предавал Физичка географија и Картографија, а за овие предмети објавил и учебници. Од 1964 до 1968 г. е професор на Универзитетот во Приштина, каде што ја основал Катедрата за географија. Потоа се преселил во Белград и таму е директор на Етнографскиот институт при САНУ (1971–1973). Избран е за дописен член на САНУ (1963), а потоа за редовен член (1978). Тој е основач на Географското друштво на Македонија и негов долгогодишен претседател. Има објавено повеќе од 100 научни и стручни труда. Најголем дел од нив се од областа на антропогеографијата и се посветени на Косово и Метохија. БИБ.: Куманово, „Годишен зборник на ФФ“, кн. 2. Скопје, 1959: Охрид, Посебно издание на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Скопје, кн. 8. Скопје, 1957; Скопје, „Географски хоризонт“, Ⅳ, 4, Загреб, 1958. Ал. Ст.