УРДОВ, Ѓорги

УРДОВ, Ѓорги (Џоџо) (Воден, Егејскиот дел на Македонија, 1914 – Пиерија, 21. Ⅵ 1947) – припадник на македонското и на грчкото комунистичко движење. Бил член на КПГ, учесник во Антифашистичкиот отпор (1941), организационен секретар на КПГ за Воденско (1942) и член на Обласниот комитет на КПГ за Македонија и Тракија (1943). Бил на раководни должности во Македонското националноослободително движење (НОД): во 1944 г. бил политички комесар на Воденскиот баталјон, во 1945 бил избран за член на раководството на НОФ во Егејскиот дел на Македонија, а во 1947 г. за член на штабот на ДАГ за Централна и Западна (Егејски дел на) Македонија. Загинал во борба со грчката војска. ЛИТ.: Т. Мамуровски, Светли ликови од Егејска Македонија (1945–1949), Скопје, 1987. Ст. Кис.